1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Реакции на веста за Нобеловата награда за Обама

Решението на Нобеловиот комитет од Осло е сензација - се чини дури и за самата Бела куќа, каде во прв момент останаа без зборови. Добитникот не се огласи во јавноста цели четири часа.

default

Барак Обама реагирал скромно

Барак Обама на веста реагирал со скромност, пренесе телевизијата Си-Ен-Ен, повикувајќи се на еден од советниците на претседателот. Во тамошните медиуми се појавија и првите критики. Конзервативниот весник „Вол стрит џорнал“ во своето онлајн-издание го поставува прашањето „Зошто“ и решението го оценува како „гротескно“, укажувајќи дека претседателот токму размислува за испраќање десетици илјади дополнителни војници во Авганистан.

Меркел честита за наметнувањето нов тон во светот

Германскиот канцелар Ангела Меркел му честита на Обама и оцени дека „во најкратко време му успеа да наметне нов тон во светот, да создаде подготвеност за разговор“. Меркел од Лајциг порача: „Мислам дека сите ние треба да го поддржиме во настојувањата да го направи мирот во светот уште подобар“. Има уште многу да се направи, но отворен е прозорец на можности“. Меркел нагласи дека во наредните години сите мораат да

Bundeskanzlerin Angela Merkel und FDP Chef Guido Westerwelle

Честитки упатија и германската канцеларка Ангела Меркел и шефот на либералите Гидо Вестервеле

работат за спроведување на залагањето на Обама за свет без атомско оружје.

Министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер во признанието за Обама гледа важно охрабрување за неговата „кооперативна политика“. Лидерот на германските либерали Гидо Вестервеле, кандидат да го наследи Штајнмајер на министерската функција, смета дека наградата „помалку е признание за веќе постигнатото, туку поддршка за политика која полага врз кооперација наместо конфронтација, врз разоружување наместо вооружување“.

Москва е зачудена

Русија реагира со чудење, но главно го поздрави признанието за американскиот претседател. Тоа ја јакне надежта за „затоплување“ во руско-американските односи, изјави Леонид Слуцки, заменик шеф на Комисијата за надворешна политика на руската Дума. За повеќемина руски пратеници наградата е кредит за доверба за Обама.

Обама му даде нова надеж на целото човештво, се вели во телеграмата со честитки што ја упати израелскиот претседател Шимон Перес. Само многу важни водачи успеваат во толку кратко време и со толку далекусежни влијанија да го променат расположението во светот“, нагласува Перес.

Враќање на Америка во срцата на сите народи

„Ја споделуваме целта на претседателот за нуклеарно разоружување и многу го цениме неговото лидерство“ изјави портпаролот на јапонската влада. Францускиот

Nicolas Sarkozy

Никола Саркози ги истакна заслугите на Обама

претседател Никола Саркози во писмото со честитки ги истакнува заслугите на Обама и нагласува дека Нобеловата награда за Обама е симбол за „враќањето на Америка во срцата на сите народи во светот“.

Поранешниот добитник на Нобеловата награда за мир Лех Валеса е изненаден и смета дека признанието за Обама дошло „пребргу“ и го сфаќа како „охрабрување“ за американскиот претседател.

За претседателот на Авганистан Хамид Карзаи , Нобеловиот комитет го донесол „вистинското решение“, додека фундаменталистичките талибанци го сметаат за „неправедно“, оти во Авганистан тој „не направил ни еден единствен чекор кон мирот“.

Автор: ЗЈ/ЕМФ/дпа/ројтерс/афп/дв