1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Реакции на албанските политичари за Хашките случаи

Албанскиот политички блок е против активирањето на четирите Хашки предмети уште од самата најава дека тие ќе бидат префрлени од Трибуналот во Хаг во Македонија.

default

Трибуналот во Ден Хаг

Владините партии ДПА, ПДП, како и опозиционата ДУИ, остро се спротивставуваат на процесуирањето на Хашките предмети од конфликтот од 2001 година, кои ги товарат Али Ахмети и другите челници на ДУИ, произлезена од расформираната ОНА, но и пратеникот на ДПА Даут Реџепи – Лека, за сторени воени злосторства врз цивилно население и за други кривични дела, наведени во обвинителните акти.

Од ДПА овие неколку дена никој не се огласува по враќањето на Хашките предмети во Македонија, но неодамна партијата на Мендух Тачи веќе го искажа своето спротивставување овие случаи да бидат третирани од македонското судство.

ПДП преку портпаролот Аријанит Хоџа нагласува: „Со тоа само се создаваат политички тензии во Македонија.“ „Донесовме закон за амнестија и мислиме дека сите случаи, кои се во надлежност на Хашкиот трибунал, ќе се решат. Се друго што е во врска со воениот конфликт македонското правосудство нема право да ги преземе тие случаи. Сега ако се наоѓа некаков правен простор тие да се вратат тука, ние, како ПДП, сме категорично против.“

Најжестока е реакцијата на ДУИ. Нејзините ставови ги пренесува Џеват Адем еден од најблиските соработници на Али Ахмети: -„За да се гради доверба, за да се продолжи во духот на новиот почеток по 2001 година, за да се почитуваат институциите и законите, за да сме сериозна држаа, која не ги отвора секогаш истите теми, кои се еднаш веќе затворени, овие четири предмети треба засекогаш да се третираат како што се нарекуваат: хашки. Значи, не се скопски.

Да беа хашки, Карла Дел Понте ќе поведеше постапка за овие случаи. Штом не се отвораат, значи, дека законот за амнестија е многу јасен.“

Останува да се види кои ќе бидат следните чекори што ќе ги преземат албанските политички партии со оглед дека веќе започнаа обвинителско – судските процедури. „Ако некој сака тенденциозно да се однесува, треба да согледа како сето тоа ќе се одрази врз меѓуетничката доверба и меѓуетничките односи“ – предупредуваат од албанскиот политички блoк.