1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Реакции во САД и Германија

Во првата реакција, американскиот претседател Џорџ Буш ја повтори цврстата решеност да ја продолжи борбата против тероризмот. Во Германија пак се погласни се барањата за построги безбедносни закони:

Џорџ Буш: „Ние сме во војна со исламски фашисти„.

Џорџ Буш: „Ние сме во војна со исламски фашисти„.

Заговорот откриен во Велика Британија, изјави Буш, потсетува на тоа дека Соединетите Американски Држави се наоѓаат во војна:

„Апсењата за кои сега слушнаа нашите граѓани не потсетуваат на тоа дека оваа нација е во војна со исламските фашисти кои ги користат сите средства да ги уништат оние што ја сакаат слободата. Сакам да им заблагодарам на Тони Блер и на луѓето во Велика Британија за нивната работа во спречувањето на овој заговор„, рече Буш во првата реакција.

Министерот за внатрешни работи Мајкл Шертоф и шефот на ФБИ Робрет Милер соопштија дека досегашниата истрага укажува на тоа дека трагите водат кон терористичката мрежа на Ал Каеда.

По спречената серија напади врз патнички авиони во Велика Британија и во Германија се погласни се барањата за поострување на законите за безбедност. Заменикот шеф на фракцијата на демохристијаните Волфганг Босбах се изјасни за преиспитување на германските закони:

„Се уште има дупки што мораат да се затворат. Безбедносните власти имаат потреба од дополнителни можности за истрага и нови извори за информирање. Затоа е потребно дополнување на законот за борба против тероризмот, итно ни се потребни антитерористички податоци за што зборуваме со години„.

Експертот на социјалдемократите за внатрешна политика Дитер Вифелшпуц напротив предупреди пред нервозна дебата. Од своја страна, германското министерство за внатрешни работи соопшти дека ќе бидат натаму заострени безбедносните аспекти на германските аеродроми. Државниот секретар во ова министерство Аугуст Ханинг:

„Тоа значи дека треба да преиспитаме какви консеквенци треба да се повлечат. Веднаш ги презедовме првите, што значи интензивна контрола на рачниот багаж, а одредени парчиња, шишиња со течности веќе не можат да се земаат на летовите за САД. За се ќе мора да се разговара и на европско ниво, за да се види кои конкретни мерки треба да се преземат за цела Европа„, изјави Ханинг.