1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Реакции во ЕУ на изборите во САД

Сите големи европски телевизиски станици од рано изутрината живо информираат од САД за тесната битка меѓу Џорџ Буш и Џон Кери која предизвика огромен интерес. Меѓутоа, бидејќи се уште нема јасен победник, реакциите се воздржани.

Европа воздржана со официјални оценки за исходот од изборите во САД

Европа воздржана со официјални оценки за исходот од изборите во САД

Европејците го оценуваат претседателот Џорџ Буш пред се според неговата надворешна политика и војната во Ирак. Во главните градови и во централата на ЕУ во Брисел се очекува завршувањето на пребројувањето на гласовите. Три четвртини од Европејците, според анкетите, посакуваат промена во Белата куќа. Шефот на фракцијата на социјалистите во европскиот парламент Мартин Шулц вака ја резимира атмосферата од последната недела:

“Се надеваме дека Џон Кери ќе биде претседател зашто вели дека војната во Ирак беше грешка. На чело на САД посакуваме човек кој вели дека тоа беше грешка. Посакуваме таков на чело и во Европа кој ќе рече: да, тоа беше грешка “.

Се мисли на претседателот на Европската комисија Жозе Барозо кој како премиер на Португалија на почетокот го поддржа американскиот курс во Ирак.

Владите на земјите на ЕУ официјално не се изјаснија за посакуваниот изборен резултат. Меѓуота, повеќето се наклонети кон Кери. Само италијанскиот премиер Берлускони отворено застана на страната на Буш. Пемиерот на Холандија Јан Петер Балкененде, во моментов претседавач на Унијата, исто така има повеќе симпатии за Буш. Републиканецот доби поддршка и од новите источно-европски членки, пред се од Полска која се смета за сојузник на САД. И Романија не би имала ништо против втор мандат на Буш, со надеж дека САД таму ќе отворат воени бази што ќе бидат повлечени од Запдна Европа.

Сосема поинаква слика во Париз. Таму важи девизата:“Се е подобро од Буш“ кој со претседателот Ширак одржува студени односи. Во Велика Британија евентуалниот пораз на Буш би се примил како шлаканица за премиерот Блер како негов најблизок сојузник. Европската комисија во Брисел е подготвена да остварува соработка со секоја американска влада. Впрочем не останува ништо друго. Специјалниот европски претставник за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана вели дека вниманието треба да се насочи кон главните теми, а не кон личности:

“Не е тајна дека имавме затегнатости со владата на Буш околу Блискиот исток. Сега е битно да се продолжи“.

Во круговите на Солана се вели дека надворешно-политичките концепти на Буш и Кери не се разликуваат премногу.

Во седиштето на НАТО главниот тон како најголема воена сила го даваат САД. Значењето на алијансата во годините на Буш продолжи да опаѓа. Таму се страхува дека Кери би можел да притисне за поголемо учество на НАТО во Ирак, каде што сега нема борбени единици.