Реакции во Германија по извештајот на Амнести за Авганистан | Вести | DW | 13.11.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Реакции во Германија по извештајот на Амнести за Авганистан

*

Организацијата за заштита на човековите права Амнести Интернешнал ги повика НАТО силите во Авганистан да не им ги предаваат уапсените лица на локалните власти, бидејќи располагаат со информации за нивно малтретирање и злоставување. Според Амнести и покрај ваквите информации НАТО продолжил со предавање на затворениците на авганистанските безбедносни служби. Портпарол на Алијансата ги отфрли ваквите тврдења.

Партијата на Зелените и Либералите во Германија денеска побараа објаснување од сојузната влада за судбината на предадените затвореници, со оглед на фактот дека во тамошните апсења учествуваат и војници на Бундесверот. Шефицата на Зелените Клаудија Рот изјави дека Германија не смее да си дозволи да стане соучесник во случаи на измачување.