1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Реакциите на оставката на Боцевски не стивнуваат

Оставката на вицепремиерот за евроинтеграции Ивица Боцевски ја разбранува македонската јавност. Медиумите и експертите го анализираат овој чекор на Боцевски.

default

Ивица Боцевски

Образложението за оставката, што го наведе вицепремиерот Ивица Боцевски, како да не беше доволно доверливо за македонската јавност. Неколку денови откако ја обелодени одлуката да се повлече од владата не стивнуваат реакциите и анализите на вистинските мотиви за таквиот чин. Медиумите и политичките аналитичари го анализираат овој потег на досегашниот вицепремиер. Некои аналитичари претпоставуваат дека сега требаше да биде констатиран големиот расчекор меѓу напредувањето кон ЕУ и продукција на една маса на закони и нивната неимплементација, што за владата би било многу непријатно. Според други, повлекуавањето на Боцевски се должи на уназадувањето или стагнацијата на евроатланските процеси.

Ставовите на аналитичарите и медиумите околу оставката на вицепремиерот Ивица Боцевски слушнете ги во аудиозаписот од прилогот на Горан Петрески.

Редактор: Александра Трајковска