1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Рај за пензионери

Јужногерманското гратче Бад Кроцинген стана „Мека“ за пензионерите со своите термални бањи и понудата оптимирана кон постарите луѓе.

default

Луис Јунг имал бурен живот. Тој долго бил европски политичар, сега има 95 години и живее помирно. Пред 4 години се пресели во јужногерманското гратче Бад Кроцинген.

„Пред 40 години првпат престојував овде. Бев добро прифатен и бањите многу ми годеа. Со моите 95 години, мислам дека здравјето го должам малку и на тој престој“, објаснува Јунг.

Населбата со своите познати термални бањи ги привлекува пензионерите како ретко кој друг германски град. Повеќе од една четвртина од жителите се постари од 65 години.

„Се наоѓаме во Рајнската рамнина, таа се разбира нуди одлични услови во поглед на времето, климата, културата, храната, медицинската нега. Тоа е нашата екстра понуда “, истакнува Екехард Мерот, градоначалник на Бад Кроцинген.

Бањското место има што да им понуди на старите луѓе. Не само термалните бањи, туку и центар за срцеви болести, 8 клиники и 4 старски домови, дури и една посебна автобуска линија за пензионери.

„Постарите овде имаат се‘, лекари, бањи, друг базен. Старите имаат можност да го осмислат животот според својата возраст“, вели возачот на автобусот за пензионери, Вулф Шерер.

Пензионерите исто така трошат пари, купуваат недвижнини, што е вистински благослов за Бад Кроцинген. Тоа овозможува нови инвестиции и за младите генерации. Конечно, градот треба да биде поатрактивен и за нив.