1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Рајс ја реафирмира подршката за членство на Македонија во НАТО

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс во писмо до својот македонски колега Антонио Милошоски ја реафирмираше подршката на САД за интеграцијата на Македонија во НАТО. Вашингтон ги почитува заложбите на Алијансата да ги повика во членство земјите што ќе ги постигнат нејзините стандарди до наредниот Самит во 2008-ма – истакнува Рајс . Таа притоа препорачува да се форсира политичкиот дијалог и останатите клучни реформи и да се зајакнат мултиетничките демократски институции во Македонија. Американската министерка за надворешни работи во писмото до Милошовски укажува и дека нема промена во позицијата на САД околу уставното име на македонија .

Рајс изрзи надеж дека недостигот од меусебно прифатливо решение за ова прашање меѓу Скопје и Атина нема да пречи во напредокот на Македонија кон членството во НАТО.