1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Рајс со предупредување до Северна Кореја

Американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс, ја предупреди Северна Кореја да не тестира ракета со долг дострел. Ваков тест би бил провокација, рече Рајс.

default

Можен тест на ракета со долг дострел од страна на Свеерна Кореја, за САД е нешто многу сериозно, нагласи шефот на американската дипломатија, Кондолиза Рајс, по разговорите со колегата од Шпанија, Мигуел Анхел Моратинос во Вашингтон. Кондолиза Рајс,сепак, не соопшти како САД би реагирале доколку такво нешто се случи: “Доколку Северна Кореја одлучи да лансира таква ракета, тоа би бил многу сериозен и провокативен акт. Би се консултирале за нарендите чекори, но можам да дадам уверување дека тоа би било земено крајно сериозно.“

Американскиот амбасадор во ОН, Џон Болтон, изјави дека заедно со други земји членки на Советот за безбедност на ОН, се разгледуваат можни санкции. Загриженост околу целиот проблем изразија и Јапонија и Австралија. Јужнокорејските медиуми, претходно, јавија дека Северна Кореја е пред ракетен тест. Една ракета со долг дострел би можела да стигне и до територија на САД.