1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Рајс – покана

Комисија на американскиот конгрес ја покани американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс, на сослушување ооколу војната во Ирак. Рајс под заклетва треба да заземе став околу изјавата дека Ирак во времето на Садам Хусеин се обидувал да дојде до ураниум. Ваквото обвинување на сметка на Садам Хусеин го изрече америакснкиот претседател, Џорџ Буш и тоа го наведе како една од причините за војната во Ирак. Рајс во тоа време беше советник за национална безбедност на претседателот Буш. Министерката за надворешни работи на ваквата покана на комисијата на конгресот реагираше со неразбирање.