1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Рајс повторно на средба со Абас

*

Во рамките на Блискоисточната турнеја американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс денеска повторно се среќава со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Во средиште на разговорите се подготовките за планираната мировна конференција следниот месец во САД. Рајс вчера во Каиро имаше средби со египетскиот колега Ахмед Абул Геит. Тој и ветил поддршка за планираната конференција, но предложил и нејзино одложување во случај претходно да нема знаци дека ќе произлезат конкретни резултати.