1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Рајс не сака да буди лажни надежи

Интензивните дипломатски напори на два дена пред самитот на Арапската лига во Ријад, ги подгреаја надежите за повторно заживување на блиско-источниот мировен процес. Сепак, пробив не се очекува. Американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс, која беше на турнеја во регионот, не сака да буди лажни надежи.

Рајс и Олмерт

Рајс и Олмерт

Шансите за драматичен напредок се мали, изјави американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс во Израел. Целта на дипломатските напори на Рајс е да се направи чекор напред кон етаблирање палестинска држава. За временски рокови и брзина на можениот мировен процес, шефот на американската дипломатија, не сака воопшто да зборува. Таа нагласува дека нема намера да го контролира дијалогот меѓу Израелците и Палестинците. Претходно, палестинскиот претседател, Махмуд Абас од Рајс побара доколку се одржат нови мировни разговори, таа да изврши притисок врз Израел. Прес конференцијата на Рајс во Ерусалим, планирана за вчеравечер, не се одржа. На средбата со новинарите требаше да се претстави нова стратегија за индиректни израелско-палестински разговори за мир со посредство на САД. Во Ерусалим неофицијално се вели дека изралексиот премиер, Ехуд Олмерт, на разговорите со Кондолиза Рајс им се спротивставил на американските планови за т.н. шатл – дипломатија.