1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Рајс на турнеја по Азија

САД ја повикаa меѓународната заедница решително да ги спроведе санкциите против Северна Кореја што ги усвои Советот за безбедност. Секоја држава треба да учествува во придржувањето кон санкциите, изјави американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс која денеска ја стартува азиската турнеја во чии рамки ќе ги посети Јапонија, Јужна Кореја, Кина и Русија.

Кондолиза Рајс во Азија во мисија на убедување

Кондолиза Рајс во Азија во мисија на убедување

Американците не губат време кога станува збор за тоа да се одржува притисокот врз Пјонгјанг. Министерката Кондолиза Рајс вчера до соседите на Северна Кореја упати јасна порака:

„Очекуваме од сите членки на меѓународната заедница во целост да ја спроведат резолуцијата на Советот за безбедност 1718. Очекуваме исто така, Советот тоа офанзивно да го посматра„.

Со други зборови, светот треба демонстративно да остане на трвдата реакција во врска со атомската проба на Северна Кореја. Каталогот мерки предвидува покрај другото, широко ембарго и инспекција на сите товарни бродови што одат кон и од Северна Кореја за да се спречи тајна трговија со атомска технологија. Точка од листата со која токму Кина, според сопственото признание, има проблеми. Нема место за загриженост, вели Рајс:

„Не можам да замислам Кинезите да гласаа за резолуцијата ако не сакаа да ја спроведат„.

Како ќе изгледа тоа спроведување Рајс ќе договори за време на нејзината турнеја.

Во меѓувреме, по анализата на радиоактивните проби на воздухот, Пентагон потврди дека Северна Кореја пред една недела вистина детонирала мало количество атомски експлозив, а повторувањето не се исклучува. За ова Рајс изјави дека такво нешто ќе ја турне Северна Кореја во уште поголема изолација, изразувајќи надеж дека Пјонгјанг ќе се откаже од нова провокација. САД остануват на тоа дека не може да се прифати Северна Кореја да стане атомска сила и тоа мора да се спречи по диполматски пат како што подвлече Рајс:

„Ние сме подготвени да ги обновиме шестпартитните преговори без никакви предуслови. Но, би воделе преговори што ќе дадат резултат„.

Во секој случај Северна Кореја мора да плати цена поради предизвикот за целиот свет, што е јасна порака и до Иран: „Иранската влада сега гледа дека меѓународната заедница реагира врз новата атомска закана„, рече Рајс дополнувајќи дека очекува Советот за безбедност уште во текот на оваа недела да започне подготвки врз резолуција за Иран, за владата во Техеран да размисли во врска со курсот што би водел кон изолација„