1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Рајс на разговори во Турција

Амерканската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс по посетата на Варшава, турнејата ја продолжи во турскиот главен град Анкара каде покрај со турските политичари средба оствари и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс

Американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс

По Лондон и Берлин, Варшава беше третата станица на турнејата на американскиот шеф на дипломатијата Кондолиза Рајс. Полска зема учество во воената интервенција во Ирак. Земјата има стационирани 2.500 војници, сепак полската влада најави постепено повлекување на нивните трупи. Уште овој месец речиси една третина од војниците треба да се вратат дома. Американската министерка за надворешни работи во Варшава покажа разбирање за оваа одлука. Полскиот народ поднесе големи жртви за демократијата во Ирак истакна Рајс и дополни

“Мислам, она што го слушаме од Европа е желбата да се започне ново поглавје во историјата на нашата голема алијанса. Притоа не постои ни најмала напнатост меѓу евроспкиот идентитет на држави како Полска и нивниот трансатлантски идентитет.”

Од Варшава министерката Рајс замина за Турција каде во краткиот разговор со турскиот премеир Реџеп Таип Ердоан, покрај очекуваните теми од Ирак до Блискиот Исток се разговараше и за Кипар – очигледно дека Турција бара поддршка од САД за нов почеток за повторно обединување на поделениот остров. Сепак откако Турција одби да и пружи помош на САД во војната во Ирак, земјата изгуби поени во Вашингтон. Поради војната во Турција значително се зголеми и антиамериканизмот. Незадоволството кон Америкнаците се протега и преку парламентот до турскиот кабинет. На Американците им се префрлува дека не презеле ништо против курдските ПКК герилци во Северен Ирак, и поради тоа што премолчуваат кога Курдите земаат нафта од Киркук што значи уште поголема независност во Северен Ирак. “ Жалење” поради ваквото однесување на американскиот партнер, турскиот премиер Ердоан изрази дури оваа недела, а по средбата со Кондолиза Рајс кажа само една реченица

“ Што се однесува до нашите стратешки односи, американско – турските односи остануваат зрели и позитивни, какви што беа и досега.”

Кондолиза Рајс не даде никаква изјава. Во Анкара таа оставри средба и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Русија мора посилно да се обврзе за основните принципи на демократијата, критикуваше американската министерка за надворешни работи. На разговорот важна тема бил и Иран, поради што рускиот министер и допатува во Анкара. Пред да замине за Израел, Рајс денеска напладне ќе се сретне со нејзиниот турски ресорен колега Абдула Ѓул.