1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Рајс на разговори во Берлин

Германија и САД имаат намера да ги засилат контактите.

Кондолиза Рајс и Герхард Шредер

Кондолиза Рајс и Герхард Шредер

По средбата со гермаснкиот канцелар Герхард Шредер во Белрин, американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс потсети на заедничките вредности на двете земји. Соединетите држави и Германија биле и ќе останат пријатели. Различните мислења по некои прашања не го менуваат овој став, нагласи Рајс без притоа директоно да ја наведе војната во Ирак. Шредер појасни, дека се останува на курсот, да не се испраќаат војниците на Бундесверот во Ирак. Германија во секој случај е подготвена, да го продолжи својот ангажман при обновата на земјата. Во спорот околу Иран и неговата атомска прорама Рајс одново ја истакна целта конфликтот да се реши без воени акции. Дипломатијата има шанса, рече министерката. Денеска Рајс се очекува во Полска, нејзината турнеја потоа продолжува во Турција.