1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Рајс на Блискиот Исток

*

На вториот ден од нејзината посета на Блискиот Исток, американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс се сретна со палестинското раководство . Таа на средбата со претседателот Махмуд Абас се обиде да обезбеди надминување на разликите во изготвувањето на заедничка израелско-палестинска платформа за планираната конференција за Блискиот Исток во неомври. Рајс претходно се сретна со израелскиот премиер Ехуд Олмерт и министерот за одбрана Ехуд Барак. Главните спорни точки во изготвувањето на платформата се се границите на палестинската држава, статусот на Ерусалим и судбината на палестинските бегалци.