1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Рајс: Македонија и Грција да го решат проблемот на билатерално ниво

*

Американската министерка за надворешни Кондолиза Рајс ја повикала Македонија на билатерална основа конечно да го реши спорот околу името со Грција. Портпаролот на Стејт Департментот, Шон Мекормак изјави дека Рајс на разговорите со шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски рекла дека е значајно Македонија во ОН да учествува под уставното име, но за тоа мора да разговара со Грција. Милошоски кој денеска ја завршува тридневната посета на САД, по средбата изјави дека е потврдена силната американска поддршка на Македонија за членство во НАТО, но претходно мора да се завршат неопходните реформи.