1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Рајс и Стро во Ирак

Американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс и нејзиниот британски колега, Џек Стро, вчера изненадувачки допатуваа во Багдад за да посредуваат во постигнувањето пробив во преговорите околу формирањето ирачка влада.

Од вчершните разговори на Рајс и Стро во Багдад

Од вчершните разговори на Рајс и Стро во Багдад

Средбата на шефовите на дипломатиите на САД и Велика Британија, Кондолиза Рајс и Џек Стро, со ирачкиот премиер, Ибрахим ал Џафари траеше 45 минути. Сите тројца најсрдечно се смешкаа пред камерите, но зад насмевките било веројатно навистина ледено.

Ибрахим ал Џафари важи како персонифицирана врвка на сопнување. Се додека тој инсистира на тоа да остане премиер цели 4 години, од некаква голема коалиција на национално единство, каква што сите посакуваат, нема да има ништо. Ал Џафари инсистира на тоа дека за кандидат за функцијата премиер е избран со внатрефракциска согласност на најголемиот сојуз на политички партии во парламентот. Тоа значи со согласност на мнозинството на народот, барем ако се суди според мнозинството на претставниците на народот во парламентот. Тоа што народот е се повеќе против него затоа што веќе триипол месеци попусто чека на нова влада, очигледно не го интересира.

Како глас на ирачкиот народ, на денешната прес конференција се претставија американската министерка за надворешни работи и шефот на британската дипломатија, Кондолиза Рајс и Џек Стро.

“Ирачкиот народ, со оглед на храброста што му требаше да излезе на гласачките места, со право бара влада.“

САД и Велика Британија се многу заинтересирани за оставка на Ал Џафари. Тој го доби внатрефракцискиот избор за кандидат за функцијата премиер, но само со еден глас повеќе од својот против-кандидат, и тоа глас добиен благодарение на луѓето на Муктада ел Садр, кој е анти-американски и анти-британски настроен. Премиер кој се потпира на негова поддршка во Вашингтон и Лондон не е потребен.

Можно е Ирачаните навистина да се поблиску до коалиција на национално единство, по посетата на Рајс и Стро. Дали таква една влада ќе донесе и повеќе безбедност во земјата е тешко предвидливо. Но, Џек Стро во едно има право: “Нема сомневање дека политичкиот вакуум во Ирак не и служи на безбедноста во земјата.“