1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Рајс и Бан Ки Мун на Блискиот Исток

Американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс, од Израелците и Палестинците побара да им дадат нови импулси на разговорите за мир во регионот со заеднички идеен план. По одвоените разговори со палестинскиот претседател, Махмуд Абас во Рамалах и израелскиот премиер, Ехуд Олмерт во Ерусалим, Рајс изрази оптимизам околу можноста за напредок. Со Олмерт денеска околу можностите за постигнување мир во регионот, разговара генералниот секретар на Светската организација, Бан Ки Мун. Тој вчера имаше средба и со палестинскиот претседател, Абас.