Рајс го подржа Абас како единствен легитимен претставник на Палестинците | Вести | DW | 02.08.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Рајс го подржа Абас како единствен легитимен претставник на Палестинците

*

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс ги уважи напорите на палестинскиот претседател Махмуд Абас, засилување на безбедноста на Палестинците. На нивната средба во Рамала , на Западниот брег централна тема беше претстојната мировна конференција за Блискиот исток, која по иницијатива на претседателот Џорџ Буш треба да се одржи во текот на есента. Конференцијата нема да биде само едноставна фотосесија – порача Рајс. Таа во Рамала допатува од Израел каде јасно ги пренесе заложбите на Вашингтон за решение на блискоисточниот конфликт со создавање на две држави. Палестинска покрај израелската.