1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Рајс во Рамала

*

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс во Рамала разговара со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Тема е претстојната мировна конференција за Блискиот исток, која по иницијатива на претседателот Џорџ Буш треба да се одржи во текот на есента. Во разговорите со претставниците на кабинетот на премиерот Салам Фајад, Рајс нагласи дека актуелната влада е единствениот легитимен партнер за разговори. Рајс во Рамала допатува од Израел каде јасно ги пренесе заложбите на Вашингтон за решение на блискоисточниот конфликт со создавање на две држави. Палестинска покрај израелската.