1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Рајс во Рамалах и Тел Авив

САД сакаат посилно да се ангажираат во изнаоѓањето мировно решение на Блискиот Исток – порача во тел Авив и во Рамалах , американската министерка за надворешни работи Кондолиза рајс.

default

Таа претпладнето се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас , а вчера во Тел Авив разговараше со израелската колешка по функција , Ципи Ливни и министерот за одбрана Амир Перец . Американската министерка ја очекуваат посети и на Египет , Јордан и Саудиска Арабија.

Ова не е рутинска посета на Блискиот Исток . Вака барем на посетата на Кондолиза Рајс гледаат во Тел Авив и во Рамалах. Иако најави дека не носи никаков конкретен план за мировниот процес , Рајс по денешната средба со палестинскиот претседател Махмуд Абас ја истакна важноста на мирот на Блискиот Исток за САД:

САД се длабоко посветени на изнаоѓањето патишта за забрзување на напредокот во спроведувањето на мировната мапа за Блискиот Исток . Мировната мапа впрочем е меѓународно признат пат кон спроведувањето на решението за две држави . И ние ќе ги исполниме сите нејзини услови”

Слична порака Рајс упати и во Тел Авив каде што се сретна со колешката по функција Ципи Ливни и со израелскиот министер за одбрана Амир Перец .

Притоа шефицата на Стејт Департментот се заложи за заживување на мировниот процес меѓу Израелците и Палестинците , истакнуавјќи дека во фокусот на идните преговори треба да биде решението за две држави на двата народи. Кои живеат една покрај друга во мир.

Шефицата на израелската дипломатија Ципи Ливни пак побара спроведување на миорнвиот план на меѓународната заедница , наречен мапа за мир на Блискиот Исток . Таа ја истакна подготвеноста на израелската влада за разговори со палестинското раководство :

Јас навистина верувам дека дијалогот со Палестинците денес е еден од најдобрите чекори кои можеме да ги преземем , и да создадеме некои визии и како што велиме да ги направиме по конкретни некои политички хоризонти. Меѓутоа постојат разлики меѓу нас и Палестинците , но ние можеме да разговараме и да го имплементираме договореното чекор по чекор” – истакна Ливни.

Рајс истотака смета дека нема откажување од мировната мапа за Блискиот Исток , која е подржана и од т.н мировен квартет за посредување на Блискиот Исток , составен од САД , Русија , ЕУ и ОН. Рајс притоа истакна

“Тоа е документ на квартетот, тоа е документ на Израел , тоа е документ на Палестинците и мислем дека поради тоа има многу важна функција. Ние не смееме , додека ги бараме патиштата за придвижување напред да ги отфрламе добрите нешта што сме ги направиле претходно”- истакна Рајс.