1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Рајс во Брисел

Една од важните теми за кои требаше да разговараат министрите за надворешни работи на НАТО на вчерашната средба во Брисле требаше да биде мисијата во Авганистан.

Рајс и Јап де Хоп Шефер на средбата на НАТО

Рајс и Јап де Хоп Шефер на средбата на НАТО

Меѓутоа, дебатата од изминатите недели за спорните активности на ЦИА во Европа придонесе за тоа оваа тема да се најде на дневниот ред.

Темата тајни затвори и тајни летови на ЦИА во Европа беше неизбежна на средбата во Брисел. Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс на сите станици од нејзината европска турнеја, подеднакво како и во Брисел се соочи со критики. Европските министри искажаа загриженост што САД можеби разбираат друго под измачувања, отколку тие. Рајс се спротивстави и изненадувачки демантираше дека ЦИА преку Европа носела затвореници во затвори за да ги измачува:

„Јас јсно соопштив дека не сме ги користеле европските аеродроми и воздушниот простор за да префрлиме затвореници на места за таму да ги измачуваме„.

Таа соопшти дека европските влади и власти се информирани за сите летови на ЦИА. Со години постои практика да се префрлуваат обвинети за да се олесни казнената постапка, не да бидат измачувани:

„Понекогаш затвореникот кој не може да биде обвинет во САД, се носи на друго место каде што постои обвинување или пак тој е тамошен државјанин. Оваа практика постои одамна„.

Оваа постапка, изјави Рајс, постои уште пред Џорџ Буш да стане претседател, како и пред нападите од 11 септември 2001. Таа во НАТО повтори дека американските службеници никаде во светот не смеат да учествуваат во измачувања или во противправно третирање на затвореници. Во САД ова се посматра како претпазливо менување на курсот, зашто досега ваквото укажување беше ограничено само на американската територија:

„САД не употребуваат насилство, ниту го толерираат. Очекуваме и од нашите соработници тоа да не го прават. Тоа пак не значи дека немало злоупотреби на тоа правило. Со фактот дека е некој демократ, не значи дека е совршен„.

Многумина министри искажаа задоволство по средбата со Рајс. Меѓународното право нема различно да се толкува, изјави германскиот министер Франк Валтер Штајнмајер:

„Госпоѓа Рајс вети дека во САД меѓународните договори не се посматраат поинаку отколку во Европа, па барем тоа е добар исказ„.

Постигната е согласност, инаку, за продолжување на одвоените мисии на САД и Европејците во Авганистан, но ќе соработуваат потесно. НАТО кон крајот на идната година ќе ја преземе и контролата врз југот на земјата, а ќе помага и во обновата на Авганистан како и во обуката на неговата армија:

„Мисијата на НАТО се покажа неопходна за постигнатиот напредок. Ќе го задржиме курсот и на владата и нудиме помош„.

Во текот на идната година од сегашните 10, бројот на трупите ќе се зголеми на 15 луѓе.

Министрите заклучија НАТО и натаму да се грижи за безбедноста на Косово. Генералниот секретар Јап де хоп Шефер при посетата на Косово го предупреди косовскиот претседател Ибрахим Ругова да се бори против екстремистите, а на српското малцинство да му обезбеди повеќе права:

„Ние сме решени и натаму да се ангажираме на Косово посебно во оваа решавачка фаза и тоа политички во проширената контакт група, како и воено со единиците на Косово„.