1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Рајс во Бејрут

Синоќа во ненадејна посета на Бејрут пристигна и американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, која денеска треба да разговара со израелското раководство. Либан беше нејзината прва станица на туернекјата на Блискиот исток, каде таа предложи пакет мерки за ставање крај на наслството, во кој како клучна се смета онеспосуување на Хезболах во јужниот дел на Либан

Кондолиза Рајс и либанскиот премиер Фуад Саниора

Кондолиза Рајс и либанскиот премиер Фуад Саниора

Кондолиза Рајс на средбата со либанските преставници во Бејрут предложи пакет мерки за решевање на судирите со Израел и Хамас, кој вклучува и прекин на огнот:

„ Очиглено сум тука бидејќи длабоко сме загрижени за либанскиот народ и ситуацијата. Зборуваме за хуманитарната ситуација и за изнаоѓање постојано решение за крај на насилствата. Претседателот Џорџ Буш сакаше мојата прва станица да биде овде во Либан, со цел да ја изрази својата желба за воспоставување услови во кои ќе биде ставено крај на насилството, а животот на либанците ќе стане подобар„рече Рајс

Претседателот на либанскиот парламент Набих Бери кој де факто е и преговарач на Хезболах, го одби предлогот на Рајс инсистиорајќи дека прекинот на огнот мора да уследи пред какви било преговори за ставање крај на присуството на радикалната група на југот на Либан.

Денеска Кондолиза Рајс ќе разговара со израелскиот премиер Ехуд Олмерт, а попладне е предвидена и средба со палестинскиот лидер Махмуд Абас.