1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Рајс во Багдад

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс синоќа допатува во ненадејна посета на Багдад. Во разговорите со ирачките власти таа побара итно запирање на насилството во земјата и национално помирување

Кондолиза Рајс

Кондолиза Рајс

Првиот американски дипломат за време на престојот во Багдад се сретна со премиерот Нури ал Малики, претседателот Џалал Талабани и преставници на сунитите и шиитите. Посетата на Рајс следува по серијата насилства во земјата, во кои само во последнава недела загинаа 16 американски војници. Токму заради напади на екстремистите авионот со кој таа допатува мораше да кружи 45 минути над багдадскиот аеродром.

По средбата со ирачкиот премиер Малики, Рајс изјави оти верува дека ирачката влада има капацитет за справување со сотојбата. Владата и премиерот силно веруваат дека нивна најважна задача е да се воспостави политика на национално помирување и да се разоружаат милициите„ рече Рајс.

Малики уште при преземањето на должноста вети дека милициите ќе бидат разоружани, но тоа сеуште не е спроведено. Причината треба да се бара во фактот што милициите претставуваат воени крила на политичките партии и сојузи кои се дел од владината коалиција. Тоа значи дека доколку Малики сериозно би пристапил кон нивно разоружување, би го ризикувал и опстанокот на владата.

На пример на југот на земјата шиитските милиции веќе подолго време се однесуваат како да се држава во држава. Се верува дека нивните ексадрони на смртта се тесно поврзани со министерот за внатрешни работи. Пред неколку денови беше супсендирана цела полициска бригада од речиси 700 луѓе, која се сомничи дека им помагала на ескадроните на смртта.

Последната посета на Рајс на Ирак беше на 26 април, кога таа заедно со министерот за одбрана Доналд Рамсфелд допатува за да му го честита на Малики мандатот за формирање коалициона влада.