1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Рајс без план и програма на Блиски исток

Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс во моментов се наоѓа на турнеја по Блискиот исток. Цел на посетите - обновување на мировните напори во регионот. Вчера имаше средба со палестинскиот претседател Махмуд Абас, денеска ќе се сретне со израелскиот премиер Ехуд Олмерт.

Со празни раце на Блискиот исток

Со празни раце на Блискиот исток

Со разговорите со Олмерт, Рајс ја завршува дводневната посета на Израел и на окупираните подрачја. Во Ерусалим Рајс доаѓа со празни раце. Нема никаков план, ниту програма како да се реши блискоисточниот конфликт, им изјави на новинарите што патуваат со неа. Место тоа, уште една ш ја повтори визијата за палестинска држава, ккао и обврските кон Израел. Меѓународниот мировен план и натаму е најдобриот метод да се постигне таа цел:

„Соединетите Американски Држави чувствуваат обврска да најдат патишта за да го забрзаат напредокот за спроведување на мировниот план. Тој е меѓународно признаен за да се дојде до решение со две држави. За тоа да се случи, треба да бидат исполнети сите услови„.

Планот предвидуваше до 2005 година да се воспостави палестинска држава. Претходно Израелците и Палестинците во две фази требаше да изградат меѓусебна доверба. Од Палестинците се бараше да се откажат од насилството, да спроведат демократски реформи и избори. Израелската влада беше обврзана, комплетно да се откаже од политиката на населување, а новите појавени по 2001 да ги расчисти.

Израелската министерка за надворешни работи Ципи Ливни неодамна предложи првите фази од мировниот план да се прескокнат и веднаш да се преговара за основање провизорна палестинска држава чии привремени граници би минувале по должината на израелскиот зид на западниот брег.

Меѓутоа, палестинскиот претседател Махмуд Абас во разговорите со Рајс, ја доби оваа идеја:

„На министерката Рајс и соопштив дека одбиваме какво и да е привремено решение. Тоа исклучува и држава со привремени граници. Во тоа не гледаме никаква реална основа врз која може нешто да се направи„.

Абас подвлече дека и натаму прави напрои за формирање влада на националното единство.

Израелскиот премиер Исмаил Ханија, во тајно направена снимка пред седницата на неговиот кабинет изјави дека никогаш нема да се согласи со такво нешто:

„Дури и Алах да го бара тоа од мене, ќе се противставам„.

Ханија не знаел дека зборува пред вклучен микрофон. Самиот пред неколку дена јаво побара да се обноват преговорите за таква влада.