1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Раѓање на нов ден

Американскиот претседател Барак Обама сака да отвори нова глава во односите со земјите од Латинска Америка. Тоа Обама јасно го нагласи на самитот на Организацијата на американски држави, што се одржува во Порт оф Спејн.

default

Во говорите на почетокот на самитот доминираше заветот за „ново“ - нови односи, нови партнерства, нов светски економски поредок, нова благосостојба, нова глава во историјата, нов финансиски систем, нов однос на големите кон малите држави, нови премиери и на крајот, сосема поетски: „раѓање на нов ден“.

USA Präsident Barack Obama vor Karte

Обама чекори во нов правец

Земјите во Америка се променија драматично, нагласи домаќинот, Патрик Менинг, премиер на Тринидад и Тобаго. Чиле има првпат жена премиер, со Парагвај владее поранешен бискуп, а во Бразил - синдикалец, во Боливија претседател е еден Индијанец, а претседател на САД стана еден црнец.

Барак Обама изјави дека последиците од финансиската криза, од кои се особено погодени сиромашните земји во регионот, мора да бидат совладани со заеднички сили. Нова благостојба и нова сигурност се остварливи, рече тој, додавајќи: „Но, само ако чекориме напред со поинакво разбирање на тоа што значи партнерство. Секој од нас мора да ги обнови односите што ги имаме меѓусебе. Сите ветувања за партнерство дадени во минатото не се остварени. Но, САД се променија иако тоа не беше секогаш едноставно. Затоа, за мене е важно на моите колеги овде да им кажам дека сите ние мора да се

Symbolbild Kuba und USA

Отворени вратите за нов почеток на САД и Куба?

промениме, сите носиме одговорност да гледаме во иднината.“

Куба да се реинтегрира во заедницата

Самитот не беше отворен ниту пет минути, а во просторот веќе лебдеше желбата за иднина на латиноамериканските и карипските држави - Куба треба да биде повторно вклучена во заедницата. Во времето на студената војна, во 1962 година членството на Куба во Заедницата на американски држави е замрзнато, а САД воведоа блокада на островот. Барак Обама за Куба рече: „САД сакаат нов почеток со Куба. Тоа е долго патување во текот на кое ќе мора да се надмине недовербата која е присутна со децении. Мислам дека можеме да ги насочиме американско-кубанските односи во нов правец.“

И кубанскиот претседател, Раул Кастро во предвечерјето на самитот понуди разговор со САД, меѓу другото и за темата човекови права. Вратата е отворена.

Ортега: Капитализмот го сотира човештвото

Венецуела, Боливија и Никарагва, сепак, се противат да стават потпис врз завршниот документ на самитот, меѓу

Nicaraguas Präsident Daniel Ortega

Даниел Ортега бара алтернативен светски систем

другото и поради неприсуството на Куба, објаснува претседателот на Никарагва, Даниел Ортега: „Документот е нецелосен и не е прифатлив. Капитализмот ги сотира човештвото и светот, тој предизвика еколошка криза, затоа што дозволува доминација на пазарот и добивката. Светската финансиска криза, промената на климата, кризата со храна и проблемите со енергијата се последица на декаденцијата на капитализмот. Затоа, мораме да развиеме алтернативен систем кој ќе почива врз солидарност, наместо врз конкуренција.“

Последиците од економската криза, снабдувањето со енергија, заштитата на климата и безбедноста на 900 милиони граѓани во Америка се темите во фокус на пленарните дискусии на самитот. Темите не се нови, но според тенорот на отворањето на самитот, за нив ќе се дебатира во рамки на едно ново, порамноправно партнерство.


Автор: Михаел Кастрициус / ЕМФ

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM