1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Самостојност на Македонија

Раѓањето на АРМ

Генералот Митре Арсовски, првиот началник на ГШ на АРМ, се потсетува на раѓањето на армијата во 1992 година, на премрежјата низ кои мина тогашниот државен и воен врв, на нејзината трансформација и сегашната состојба.

Mitre Arsovski, General aus Mazedonien, Skopje, 02.12.2011, Foto: Petr Stojanovski

Генерал Митре Арсовски

„Јас го направив тоа што од мене се бараше. Ја формиравме армијата што многу и беше потребна на оваа држава. Не е битно дали е таа голема или мала, туку е важно дека таа беше една сигурност за граѓаните, сигурност за економскиот развој на државата и сигурност за луѓето кои доаѓаа во оваа држава, бидејќи знаеја дека постои армија што е нејзин заштитник. И јас со тоа сум многу горд“.

Ова е дел од спомените на генералот Митре Арсовски, првиот началник на Генералштабот на АРМ, кој во далечната 1992 година, заедно со државниот врв и неколку генерали, ја формираа АРМ на темелите на речиси празните касарни, без оружје и опрема, а по заминувањето на тогашната ЈНА од Македонија.

Symbolbild EU und Slowenien, Kroatien, Bosnien-Herzegowina, Serbien Montenegro, Mazedonien, Kosovo Flash-Galerie

ЈНА ја напушти Македонија согласно договорот Глигоров-Аџик, склучен на 15 февруари 1992 година, според кој тогашната армија требаше за два месеца мирно да се повлече од Македонија, а која во тој период однесе речиси се’ што можеше да се однесе, од тешко вооружување, опрема, храна, па дури и кревети, шкафови и штекери. Генералот Арсовски вели дека од Македонија се однесле оружје и опрема со огромна вредност. „Некаде од 12 до 16 милијарди долари вредеше сето тоа. Тоа се многу пари, ако се пресметува. Ако се земе колку оружје, муниција и храна беа стокирани, колку тенкови, топови и авиони беа однесени. Сето тоа се пари. А Македонија, ако паметите, во тоа време даваше седум отсто во изградбата на таа ЈНА. Тие седум посто, според бројот на оружјето и опремата, значеа дека сета таа опрема и оружје што се однесе требаше тука да остане“, вели генералот.

Арсовски: АРМ е формирана речиси партизански

Според Арсовски, АРМ е формирана речиси партизански, за само еденипол месец, од денот на донесувањето на одлуката за создавање армија, до моментот на нејзиното официјално промовирање. „На 1 март беше состанокот со Врховниот командант на армијата претседателот Глигоров, кога тој ја прифати и потпиша формациската структура на армијата. Тогаш практично почнавме да работиме на формирањето на армијата и донесовме одлука првиот војник да го примиме во нашите редови на 15 април. Значи за еденипол месец ние успеавме да ја повикаме првата гарнитура на армијата, да ја облечеме и да ги построиме. На 9 мај ги повикаме сите војници од скопските единици на промоција, кога АРМ беше оперативно подготвена и ставена под команда на Врховниот командант“, вели генералот Арсовски.

Mazedonien Land und Leute

АРМ денес

Базата на тогашната армија ја сочинуваа старешини, подофицери и цивилните лица што беа во претходната армија. „Во ЈНА имавме околу 3.500 офицери, исто толку подофицери и околу 2.500 цивилни лица. Тоа практично беше базата од која се црпеше кадарот. Имавме среќа што имавме доволно генерали за да ја предводат армијата и кои, навистина, за кратко време ја кренаа на нозе“, додава генералот Арсовски.

Тоа, вели тој, е период во кој имало страшни политички и воени притисоци, кога имало разни сценарија за дестабилизација на младата држава, па и за физичка ликвидација на најекспонираните претставници на државниот врв. За такви сценарија се слушало, дел и самиот лично видел, но сепак, има резерва колку тие навистина биле реални: „Кога формирате држава секогаш постои опасност особено кога државата се одвојува. Меѓутоа, дали тие планови биле реални? Сметам дека беа тотално нерелани, затоа што не можете еден народ да го чувате во потчинетост. Во сеќавање остана изјавата на командантот на Третата армиска област на ЈНА генералот Кукањац, кој од

Mazedonische Armee

АРМ денес

центарот на Скопје се закануваше со зборовите ’Јас ќе му покажам на овој народ кој е газда во Македонија’“. Но, анализите покажаа дека тие закани беа нерелани, затоа што Србија ќе изгубеше многу, а и онака изгуби сешто“, објаснува генералот.

Армијата денес

На крајот, првиот началник на ГШ на АРМ, оценува дека сегашната армија, по 20 години од нејзиното формирање, концептуално е поинаква од онаа што тие ја осмислија, иако таа и сега е добро обучена, но е без доволно квалитетно оружје и опрема, како и без доволно пари. „Сегашната армија е кроена според потребите на НАТО, а не според потребите на државата, затоа што таа сега има шест до осум илјади војници, со малку тенкови и топови и речиси никаква авијација. Сега, и со волку луѓе и опрема, таа е добро обучена, што може да се види во Авганистан, Ирак и Босна. Значи армија мора да постои, не велам дека тоа треба да биде голема армија, но треба да се види дали е ова доволно да се брани државата“, вели генерал Митре Арсовски во разговорот за Дојче веле.

Автор: Сашко Димевски

Редактор: Александра Трајковска