1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Рахман е слободен

Судбината на Авганистанецот Абдул Рахман веќе со денови е во центарот на вниманието на светската јавност. Рахман пред 15 годни конвертирал од ислам во христијанство и поради тоа беше изведен пред суд во Авганистан. Под голем меѓународен притисок сепак денеска во Авганистан имаше реакција за овој случај.

Абдул Рахман

Абдул Рахман

Абдул Рахман е слободен. Потврди заменикот државен обвинител Мохамед Есхак Алоко во Кабул „Предметот е вратен од судот. Поради некои ситни работи и поради неговата болест актите се вратени до државното обвинтелство. Затоа моравме да одлучиме да биде ослободен.“

Очигледно Абдул Рахман е непресметлив, барем така навести државниот обвинител Алоко. Против 40 годишниот Рахман беше отворен процес поради неговото конвертирање во христијанството, поради што според исламското право му се закануваше смртна казна, но ако е непресметлив тогаш неможе да му се префрлува за промена на верата.

Тоа што Рахман сега е слободен, треба да се заблагодари на масовниот политички притисок врз авганистанската влада. Германија, САД и ЕУ на претседателот на Авганистан му се заканија и со стопирање на финасисктаа помош, а за Рахман се заложи и папата Бенедикт 16.

Каде во моментов се наоѓа Абдул Рахман, поради безбдност за неговиот живот, не и е познато на јавноста. За викендот поради закана за убиство беше префрлен во единечна ќелија во затворот, а во понеделникот повеќе стотици демонстранти во Масар и Шариф бараа убиство на Абдул Рахман.

Најевројатно Абдул Рахман нема да остане во Авганистан. ОН, каде што побара азил во моентов преговараат во негово име. Ова го потврди и портпаролот на ОН во Кабул, Ендру Едвардс „Тесно соработуваме со авганистанската влада за да најдеме решение. Господин Рахман побара азил надвор од Авганистан и сметаме на тоа дека ќе се најде земја.“

Рахман долги години живееле во Германија пред да се врати во Авганистан, за да помогне за обновата на земјата.