1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

РАФ – Бубак

Судот во Карлсруе денеска донесе одлука за олеснување на затворските услови за поранешниот терорист на Фракцијата на Црвената армија, Кристијан Клар. Клар во иднина ќе смее на определено време да го напушта затворот во Брухзал во придружба на овластени лица. Инаку, германската влада, со оглед на новите наоди, вети дека ќе работи на целосно разјаснување на убиството врз обвинителот Зигфрид Бубак, што припадниците на Фракцијата на Црвената армија го извршија пред триесет години. Министерот за внатрешни работи, Волфганг Шојбле нареди истрага за тоа дали Германската криминалистичка служба и Службата за заштита на уставот со години прикривале изјави на поранешните терористи. Според информации на магазинот “Шпигел“, поренешниот член на РАФ, Верена Бекер, уште на почетокот на 80-тите години им кажала на тајните служби дека убиец на Бубак бил Штефан Вишњевски, а не Кристијан Клар.