1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Рафајловска поднесе оставка

Вера Рафајловска, министерка за економија во владата на премиерот Никола Груевски поднесе оставка на функцијата. Таа е третата промена во изминатите два месеца во македонската влада.

default

Вера Рафајловска

Министерката за економија на Македонија Вера Рафајловска се повлекува од позицијата. Откако пред два месеца ја преживеа интерпелацијата министерката си поднесе оставка. Во писмото до премиерот таа го истакнува личниот интегритет на член на влада која ги укинала дискрециските права на министерот, поттикнувала мерки на економски раст. Рафајловска од НСДП не беше по волја на вицепремиерот Зоран Ставревски ВМРО ДПМНЕ задолжен за економската проблематика, особено откако ја спречи продажбата на ТЕЦ Неготино на наводната бугарска експозитура на канадската корпорација Хаџ. Рафајловска е трет член на владата што се повлекува во изминативе шеесетина дена, пред неа оставки поднесоа Рефет Елмази од ДПА, заемник министер за внатрешни работи, а се повлече и мнистерот за локална самоуправа Мемети од ПДП. Можно е премиерот да изврши брза реконструкција или владината коалиција ќе избере предвремени парламентрни избиори. За втората варијатана веќе разговарале тројцата шефови на партии Груевски, Тачи, Петковски. Медиумите јавија дека се можни предвремени парламентрни ибзори во јули откако ќе се знаат резултатите од самитот на НАТО во Букурешт.