1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Рафајловска за енергетскиот пазар во Македонија

Македонската министерка за економија Вера Рафајловска во интервју за Дојче Веле зборува за енергетската состојба во Македонија и пазарот за електрична енергија и гас, како и за целта на земјата во енергетскиот сектор.

default

Министерката за економија Вера Рафајловска

Намерата на македонската Влада преку измени во законот за енергетика од 1 јануари да го либерализира пазарот на електрична енергија во земјата ги заостри односите со австриските газди на ЕСМ. Со измените меѓу останатото се предвидува ЕВН сама да си ги покрива загубите.

Владата вчера се пожали оти се сомнева дека ЕВН досега не ја реализирала обврската од купопродажниот договор за инвестирање на 35,5 милиони евра од правата година и најави пенали доколку тоа не се потврди. На ова претходеше барањето на ЕВН за враќање на 22,5 милиони евра од државата како резултат на ревизорскиот извештај кој покажал дека ЕСМ била во полоша финансиска ситуација од презентираното во тендерската постапка. Министерката за економија Вера Рафајловска која денеска во Берлин учествува на герамнско - македонскиот бизнис форум во интервју за нашата програма го изнесе својот став за спорот со ЕВН.