1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Расчистен политичкиот пејсаж во Србија

На предвремените парламентарни избори во Србија, според моменталните резултати со 27,7 проценти најсилна е ултра-националистичката Радикална партија. Трите реформски ориентирани партии заедно освоија околу 42 насто. Најголема фракција во реформскиот блок е Демократската партија на Србија на поранешниот југословенски претсеател Восилав Коштуница. На социјалистите на поранешниот претседател Слободан Милошевиќ им успеа да влезат во парламентот со освоени преку 7 насто. Што значи овој резултат за иднината на земјата? Често и еден поглед врз реалноста е отрезнувачки. Токму таков поглед овозможуваат паралментарните избори: за првпат по повеќе години политичката стварност во српското општество е ставена на дланка. Преку 40 насто од избирачите се решија за националистичката опција и своите гласови им ги дадоа на долгогодишните воинственици Слободан Милошевиќ и Воислав Шешељ. Нивните партии настапија со популистичка врева со политички десни пароли и економски леви пароли за цени контролирани од државата. Голем дел од населението се уште можеше да се улови на оваа бесмисла. Па сепак, а тоа е позитивната вест од овие избори, демократскиот табор успеа да се стабилизира: конзервативната Демократска партија на Србија на Воислав Коштуница за разлика од 2000-та постигна подобри резултати, наследниците на Зоран Џинџиќ во Демократската партија не се посрамија толку колку што се страхуваше, а новите прагматици во Експертската партија Г-17 плус префрлија 10 насто. Од 18-те партии на големата коалиција со ксусо име ДОС на споследниве избори пд парламентот исчезнаа 15 со што овозможија партискиот пејсаж да биде попрегледен. Задачите на владата и во новиот парламент ќе останат непроменети. Економијата мора и натаму да се води во правец на пазаранта економија, како и да продолжи битката против организираниот криминал. Досегашната влада се обиде да ги направи обете и за тоа плати неколкупати: болните економски мерки го водеа народот во летаргија, трипати пропаднаа претседателските избори. Планираните мерки против организираниот криминал тогашниот премиер Зоран Џинџиќ ги плати со својот живот. Значи, сложена задача што се исправа пред Воислав Коштуница: неговата партија го презема водството на демократските сили во парламентот. Зашто на силните националисти не им останува ништо друго освен да се обидат да коалицираат со прагматичарите од Г-17 плус и со несаканата партија на убиениот Зоран Џинџиќ - Демократската партија. Со тоа се претпрограмирани големи спорови во рамките на демократската коалиција која и досега често го кочеше парламентот. Освен тоа во коалициониот брод ќе мора да биде качен и променливиот и неспресметлив партнер - Вук Драшковиќ. Политички Србија сега е на крстопат: Коштуница мора да покаже дали и без Џинџиќ има волја и способност да ги продолжи економските реформи и дали ќе го нападне организираниот криминал. Досегашниот искуства меѓутоа оставаат простор да се страхува од најлошото: Коштуница и натаму важи како нерешителен, без визии, а ниту како близок до болните економски реформи. Како југословенски претседател ја остави старата гарда во армијата со што ја остави недопрена и врската на државните структури со мафијата. Ако пазарната економија не биде унапредена и ако останат врските меѓу државата, стопанството и мафијата, тогаш Србија конечно ќе стане парија во европската заднина со децениско заостанување.