1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Расчекор меѓу Македонија и ММФ

Причина-законот за социјално згрижување на стечајците до пензионирање,што носи непредвидени трошоци од буџетот

default

Односите меѓу Македонија и ММФ се доведении во прашање.Минатата недела македонскиот парламент донесе одлука за социјално згрижување на стечајците до пензија и испровоцира реакција на ММ.Од неговото седиште во Вашингтон стигна предупредување дека ќе го замрзне сегашниот аранжман со Македонија ако законот стапи на сила.ММФ реагира поради зголемените трошоци кои не се предвидени во буџетот кој го договорија ММФ и македонската Влада.Бидејќи по никоја цена не сака да се откаже од услугите на долгогодишниот финансиски ментор,владата на синоќешната вонредна седница реши да побара помош од претседателот Црвенковски.

-Владата и официјално ќе се обрати до претседателот на Република Македонија со барање да не го потпише указот за прогласување на законот ,а со тоа да се зачуваат уставноста,реформите и одржливоста на пензискиот фонд,како и мешѓународните обврски и европската ориентација на Македонија,изјави синоќа македонскиот министер за труд Стевче Јакимовски.

Станува збор за закон според кој стечајците ќе добиваат извесна помош од државата се до регуларното одење во пензија.Според некои проценки,тоа ќе ја чини државата дополнителни 6 милиони евра.Стечајците тврдат дека без законот се онеправдани и го повикуваат претседателот Црвенковски да не ја слуша владата,туку да го потпише законот.

-Сметаме дека таа неправедност не требаше да се извлече преку интервенцијата на ММФ,туку требаше да се најде во рамките на државата,затоа што ММФ е вметнат како кукавичино јајце,изјави Јагода Поповска од Координативното тело на стечајните работници.

Соработката меѓу Македонија и ММФ датира од 1992 година.Практично,првите чекори во транзицијата Македонија ги направи под патронат на ММФ.Инфлацијата беше запрена,денарот стабилизиран,но реформите не го достигнаа посакуваното темпо,па изостана и позначајниот економски раст.Поради тоа македонските економски аналитичари,но и саммите монетарци ,го отворија прашањето-дали ММФ и треба и натаму на Македонија.