1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Растурен кампот на демонстрантите против Вол Стрит

Полицијата во Њујорк во раните утрински часови го растури кампот на анти-Вол Стрит демонстрантите кој се наоѓаше во Цукоти паркот. Поголемиот дел од демонстрантите мирно си заминаа.

default

Градските власти во Њујорк соопштија дека континуираната окупација на Цукоти паркот, во кој во шатори престојуваа стотици демонстранти од движењето „Окупирај го Вол Стрит“, претставува здравствена и безбедносна закана за градот.

Демонстрантите ќе треба привремено да ја напуштат областа и да ги отстранат шаторите, но би можеле да се вратат откако паркот ќе биде исчистен.

„Ни дадоа рок од 20 минути да си ги однесеме сите работи“, изјави еден демонстрант.

Најголемиот дел од граѓаните се разотидоа мирно, но 15-ина биле приведени откако и пружале отпор на полицијата.

Дел од демонстрантите се жалеа и на прекумерна употреба на сила од страна на полицијата.

„Не можете да забраните идеја чие време е дојдено“, порачаа од движењето во соопштение на интернет по полициската интервенција.

„Некои политичари можат физички да не отстранат од јавните површини, и можат и да успеат во тоа. Нашата идеја е дека нашите политички структури треба да ни служат нам- на граѓаните, на сите, а не само на оние кои натрупаа огромно богатство и моќ“, се наведува во соопштението.

Крај на двомесечниот протест?

Wochenrückblick Kalenderwoche 42 Proteste Finanzwelt FLASH-GALERIE

Цукоти паркот во кој беа сместени демонстрантите

Членовите на движењето „Окупирај го Волстрит“ се стационираа во паркот во септември во знак на протест поради економската нееднаквост, а нивната идеја многу брзо се прошири на десетици дестинации низ целиот свет. Тие себеси се нарекуваат и „99 отсто“, тврдејќи дека најголем дел од богаството во САД се наоѓа кај 1 процент од населението.

Претходно полицијата веќе го исчисти кампот во Оукланд на Западниот брег на САД, а во Њујорк е започната операција бидејќи насобраниот смет претставува опасност по здравјето, како и постоење на голем ризик од појава на пожар. „Камперите“ беа предупредени дека ќе бидат приведени доколку ја попречуваат акцијата.

Полицијата вчера уапси 33 лица во Оукланд, а слична ситуација имаше и во Портланд каде по наредбата се уапсени 50 лица. Во Вермонт полицијата успеа да ги растури демонстрантите откако човек се самоуби во шатор минатата недела.

Автор: БГ/афп/миа

Редактор: Александра Трајковска