1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Растопување на ледениот однос кон Хавана

Односите меѓу Европската Унија и Куба се замрзнати од 2003 година наваму. Сега Брисел најави чекори за нивно постепено одмрзнување откако Хавана почна да го отвора домашниот пазар за странски инвестиции

Министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ на вчерашната средба (10.02) во Брисел донесоа одлука за повторно приближување кон Куба. Министрите го одобрија мандатот на Европската комисија за започнување на преговорите за подобрување на односите со Хавана.

За разлика од САД, ЕУ уште пред години во голема мерка ги нормализираше односите со Куба. Но кога владата во Хавана пред околу десет години презема мерки против дисидентите, Брисел од протест повторно се повлече. Имено Европската унија ја прекина соработката со Куба во 2003 година, откако тамошните комунистички власти затворија и на повеќегодишни затворски казни осудија 75 дисиденти.

EU Kuba Flagge

Овие затвореници беа ослободени уште во 2008 година, по што дојде од одредено затоплување на односите меѓу Брисел и Хавана.

Во меѓувреме ЕУ, оценува дека е дојдено време за подобрување на односите. Унијата се стреми за постигнување на „договор за политички дијалог и соработка“. Но ова не смее да се сфати, дека ЕУ не ја интересираат човековите права во Куба. Имено обемот на соработката ќе зависи од тоа што кубанската влада смета за правата на граѓаните. Досега не станало збор за укинување на трговските бариери. Станува збор за соработка на пример при заштита на животната средна, земјоделството и социјални теми. Како Куба ќе реагира на тоа засега не се знае: „Се надевам дека Куба ќе ја прифати оваа понуда“, рече високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон.