1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Расте јазот меѓу Лондон и Европа

Британскиот премиер Камерон се наоѓа под силен притисок од внатрешната политика на земјата. Од него се бара остро да се спротивстави на Брисел и да ги брани интересите на островската земја. Европа го чека исходот

Во очите на голем број европејци, Велика Британија долго време е антиевропски ориентирана. Минатата недела, претседателот на владата на Обединетото кралство, Дејвид Камерон се закануваше дека со вето ќе ги блокира претстојните преговори за буџетот на Европската унија. Покрај тоа се разгледува и можноста да се воведе референдум за идните односи на островот со континенталниот дел на Европа. Голем број загрижени евроскептици од редовите на конзервативната партија на Камерон не се задоволни со понуденото, па во актуелните расправи и во кризата на Европската унија гледаат одлична можност Англија да ја напушти ЕУ.

Минатата среда владата доживеа фијаско во Долниот дом на парламентот, кога при гласањето за буџетот на ЕУ, 50 пратеници од партијата на Камерон преминаа на страната на спротивниот табор. Тие го поддржаа предлогот на Лабуристите, со кој се бараше намалување на буџетот на Европската унија со оглед на фактот што Велика Британија се наоѓа во период на штедење. И покрај тоа што резултатот од гласањето не треба да влезе во правни рамки, Камерон се наоѓа под многу голем притисок. Од него се бара да заземе остар став кон Брисел на европскиот самит кој ќе се одржи овој месец.

Без солидарност нема привилегија

David Cameron Parteitag in Birmingham

Дејвид Камерон

„Тоа е тема за која во Велика Британија може за секунда да се возбудат духовите и верувам дека такво нешто би се случило”, објаснува Матс Персон, директор на тинк-тенкот „Отворена Европа”, застапништвото за реформите на ЕУ. “Ситуацијата е незгодна”, вели тој :” Во моменти кога несигурноста кон Унијата и меѓу политичарите расте, еврозоната инсистира на долгорочна интеграција. Не смее да ја оставиме Европа на страна од ова прашање, затоа што еврозоната се менува, а со тоа повторно Велика Британија се става пред нов прашалник.”

Ваквиот став на Лондон во другите делови на Европа предизвикува главоболки- дотолку повеќе што пред Унијата е планирањето на буџетот. Велика Британија поради минусот во државната благајна, сака да го намали и својот влог во заедничката бриселска благајна, а на тоа се лутат земјите како Полска, на кои развојот им зависи од поддршката од Брисел. “Не може да бидете член на еден клуб и да се обврзете дека ќе плаќате партиципација, а подоцна, откога ќе вечерате, едноставно да станете и да заминете”, вели полскиот застапник во Европскиот парламент Јачек Сарјуш Волски во разговорот за ДВ.

„Велика Британија сака да профитира од предностите на единствениот пазар, слободните трговски производи. Услугата и капиталот во Лондон се насочени кон овие привилегии. Во исто време не сака да сфати дека од другата страна на медалот стои солидарноста во заедничкиот буџет.”

Солидарност – и поради финансискиот пазар

Сарјуш Волски смета дека Велика Британија не чекори по европскиот пат. Тој верува дека Лондон со своите радикални ставови ќе ги уништи сите шанси за компромис и ќе ги фрли во очај земјите од источна Европа кои профитираат од средствата на бриселскиот буџет.

“Лондон се изолира, но на крајот ќе жали”, предупредува Волски кој додава дека

Jacek Saryusz-Wolski EU Abgeordneter

Јачек Сарјуш Волски

овие расправии и наштетуваат на Британија и на земјите од Европската унија. Во време на криза, констатира полскиот конзервативен политичар, Лондон копа голема дупка меѓу Велика Британија и континентот :”А баш сега требаше да сигнализираме на финансискиот пазар дека сите го делиме истото мислење и веруваме дека буџетот на унијата е еден од инструментите кои ќе помогнат Европа да излезе од кризата.”

Нов договор меѓу Лондон и Берлин?

Ден по фијаското на Камерон во Долниот дом на англискиот парламент, германската канцеларка индиректно го критикуваше Лондон со изјава дека во политиката е вклучено и дефинирање на позицијата пред почетокот на преговорите, но дека не е време да се “мафта со вето”, кое ниту малку не помага во решавањето на проблемот. Камерон и Меркел оваа недела ќе се сретнат на преговори и ќе се обидат да дојдат до компромис пред состанокот во Брисел кој е закажан за 22 и 23 ноември. Матс Персон од организацијата „Отворена Европа“ верува дека Берлин и Лондон мора да постигнат нов начелен договор на долгорочен план : „Берлин мора да прифати дека Камерон, исто како и Меркел, мора да ги земе во предвид политичките барања во својата земја“.