1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Расте трговијата со оружје во светот

Во светот и натаму цути трговијата со оружје. Во изминатите пет години зделките со оружје бележат зголемување од 24 проценти во споредба со периодот 2002-2006-та година, објави Сипри.

Трговијата со конвенционално оружје во светот зела замав во последните години. Во периодот од 2007-2011-та година, според извештајот на Институтот за истражување на мирот од Стокхолм, Сипри, објавен денеска (19.03), околу половина од светската трговија со оружје отпаѓа на двата најголеми лиферанти - САД со 30 проценти и Русија со 24 насто. На трето место по извоз на оружје е Германија со девет проценти. Според Сипри, Германија извезувала меѓу другото подморници и фрегати, а најголеми купувачи се Грција, Јужна Кореја и Јужноафриканската Република.

На четврто место на листата светски извозници на оружје следи Франција (8 проценти), а на петто Велика Британија (4 проценти).

Паѓа в очи напредувањето на Кина како светски извозник на оружје. Купувач на кинеските бродови и воени авиони пред се‘ бил Пакистан.

Неговиот сосед, Индија, бил пак најголемиот увозник на оружје со десет проценти од вкупниот светски увоз. Причина се непријателството кон Пакистан, како и индиските внатрешни конфликти и борбата против тероризмот.

Infografik Militärausgaben 2011 nach Regionen Sipri Englisch

Останатите четири најважни увозници на оружје исто така се од азискиот простор: Јужна Кореја со шест проценти, Пакистан и Кина со по пет насто и Сингапур со учество од четири проценти во светскиот увоз на оружје.

Куриозитет секако е случајот со Сирија -„гладта“ за оружје во оваа земја нараснала за 580 проценти од 2002-ра година наваму! Слично е и со Венецуела, каде се бележи пораст на увозот на оружје од 555 проценти. Според Сипри, Арапската пролет имала само мало влијание врз меѓународната трговија со оружје.

Реномираниот шведски институт објавува податоци за движењето на светската трговија со оружје на пет години. На крајот на февруари Сипри објави податоци за зделките на стоте водечки светски концерни на полето на производство на вооружување и воена опрема. Според податоците, во 2010-та година волуменот на остварени зделки за испорака на вооружување во светот имала вредност од околу 411 милијарди долари, односно 305 милијарди евра.

Автор: ЖА/ЕМФ/дпа/афп

Редактор: Е. М. Фиданоска