Расте притисокот врз Иран | Вести | DW | 21.09.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Расте притисокот врз Иран

*

САД и Франција сакаат да го зголемат притисокот врз Иран во конфликтот околу спорната атомска програма на таа земја. Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека се залага за дипломатско решение, но нема да толерира Техеран да ги продолжи истражувањата околу производство на атомско оружје. И францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер повтори дека Иран со нуклеарно оружје е неприфатлива перспектива, рече Кушнер. Денеска во Вашингтон се среќаваат претставници на петте вето сили и Германија на разговори околу можни санкции против Иран.