1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Расте опасноста од терористички напади во Германија

Таен документ на германските безбедносни власти, на кој се повикува весникот „Билд“ упатува на тоа дека поради конфликтот во Мали, зголемена е опасноста од напади врз германски цели, дома и во странство.

Безбедносните власти во Германија предупредуваат од растечка опасност од терористички напади поради ангажманот на германската армија во Мали, јавува весникот „Билд“.

Учеството на Бундесверот со два транспортни авиони од типот Трансал (на сликата горе) во логистичката поддршка на операциите против исламистичките бунтовници во африканската земја би можело да им биде повод на фанатични поединци или мали групи да извршат напади во Германија, пишува весникот повикувајќи се на таен документ на безбедносните органи.

Нападите би можеле да бидат насочени кон германски институции во странство, но и во Германија. Бундесверот со два транспортни воени авиони дава логистичка помош за трупите на западноафриканската заедница на држави ЕКОВАС и со тоа индиректно и за француската воена интервенција во Мали. Според тајниот документ на кој се повикува „Билд“ околу 50 лица од исламистичко-терористичката сцена во Германија отпатувале во кампови за обука во целиот свет, меѓу другото и во Мали, Либија, Сирија и Сомалија. Таму тие од припадници на Ал Каеда учат различни техники за извршување на напади, пишува весникот.