1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Расте незадоволството од папата Бенедикт 16

Две одлуки на поглаварот на римо-католичката црква внесоа немир во оваа верска заедница. Ја нарушува ли папата Бенедикт 16 веродостојноста на црквата?

default

Тој е нивен духовен поглавар, меѓутоа тие повеќе не можат да го следат. Се’ повеќе католици ги критикуваат кадровските одлуки на папата Бенедикт 16. Некои водечки теолози веќе најавија излегување од црквата. Тие стравуваат од свртување кон десно и го обвинуваат папата дека и наштетува на веродостојноста на католичката црква.

Причините за тоа лежат во одлуките на папата, кој пред една недела повторно го прифати во црквата бискупот Ричард Вилијамсон, кој отворено не го признава Холокаустот, а сега го назначи истотака оспоруваниот австриски свештеник Герхард Вагнер за помошник бискуп на Линц.

Großbritannien Bischof Richard Williamson

Оспоруваниот британски свештеник Ричард Вилијамсон

Вагнер е свештеник кој постојано предизвикува скандали. Ураганот „Катрина“ кој пред три и пол години го опустоши американскиот град Њу Орлеанс, Вагнер, на пример, го смета за “божја казна“ за „неморалниот град“.

Вагнер: „Јас сум човек кој бара конфронтација“

Тој истотака ги предупредува младите луѓе да не ги читаат популарните книги за „Хери Потер“, затоа што во нив гледа сатанизам на дело.

„ По природа јас сум човек кој се јавува за збор. Јас не сум човек кој молчи во заднина. Јас сум човек кој бара конфронтација. И кога ја нема, тогаш ми е навистина по малку неспокојно и несигурно“, вели свештеникот Вагнер.

Linz - Hauptplatz mit Dreifaltigkeitssäule und Dom

Австрискиот град Линц добива нов контроверзен помошник бискуп

Одлуката Вагнер да го назначи за помошник бискуп, папата ја донел без да се консултира со австриските свештеници. Луѓето во актуелната црковна општина на Вагнер, Виндишгарстен различно ја коментираат одлуката на германскиот папа.

„ Вагнер говори отворено, и тоа може да не му се допаѓа на секој“, вели еден жител на црковната општина Виндишгарстен. Друг негов сограѓанин пак има сосема поинаков став за Вагнер.

„ Тоа е одредена нетолеранција, не само конзервативно, туку многу нетолерантно“