1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Расте национализмот во Југоисточна Европа

Популистичките струења доаѓаат до израз пред се’ во земјите кои се во кирза - ова јасно го покажува на изборниот резултат во Грција. Исто така и во земјите од ЈИЕ расте популарноста на екстремистичките партии.

Србија на 20 мај избра претседател кој порано беше познат како екстремист и непријателски настроен кон Европа: Томислав Николиќ. Тој додуша ветува дека ќе го продолжи европскиот курс на земјата. Но белградскиот автор и новинар Саша Илиќ се сомнева во веродостојноста на Николиќ: „Неговата политика ќе значи продолжување на неговиот досегашен став: Ова го потврдува неговото минато како член на доброволната гарда на Војислав Шешељ. Тој учествуваше во воените дејствија во Хрватска и се залагаше за Ратко Младиќ и голема Србија“, појаснува српскиот новинар на конференцијата „Национализмот и популизмот во Југоисточна Европа“ што се оддржа во Туцинг. Конференцијата ја организираа Друштвото за Југоисточна Европа, Евангелистичката академија Тутцинг и преведувачката мрежа „Традуки“.

Албанските националисти: ѕвезди на Фејсбук

Sasa Ilic Tutzing

Саша Илиќ во Туцинг

Илиќ меѓутоа го критикува и досегашниот проевропски претседател Борис Тадиќ, кој никогаш не беше подготвен на отстапки по косовското прашање. Србија и натаму се противи да ја признае независноста на Косово. Со неговиот став Тадиќ постојано ги држеше будни националистичките ставови. Дека ваквата политика може да предизвика натамошно свртување кон десно на српското општество, од тоа одамна предупредуваат интелектуалците во Србија, смета Илиќ. Издавачот на критичкиот културен лист „Бетон“ припаѓа кон едно се’ уште мало малцинство во српското општество, кој ја прифаќа независноста на Косово и кој пружа напори за приближување до Албанците.

Во многу југоисточноевропски држави ветувањата на популистичките движења заземаат речиси фантастични димензии. Ново формираната црно-црвена алијанса во Албанија која бара пасоши за етничките Албанци на Косово, во Македонија, Јужна Србија и Црна Гора се обидува да спроведе големоалбански економски протекционизам. Слични цели има движењето „самоопределување“ кое агира во Косово, кое во меѓувреме е застапено и во парламентот.

Двете движења уживаат големи сипатии меѓу младите Албанци благодарение на многу ефикасно користење на социјалните мрежи на интернет, појаснува Штефани Шбанднер Сиверс ов Универзитетот Ремптон од Лондон. „Големоалбанскиот национализам ненадејно се смета за млад, убав и секси и најчесто за него се агитира агресивно со модерни средства“, смета експерот за Албанија. Црвено- црната алијанса во Албанија во рок од неколку месеци има прку 80.000 фанови на Фејсбук. За споредба, најголемата опозициона партија на Албанија, Социјалистичката партија има речиси 29.000 приврзаници на Фејсбук.

Колку итнтернетот е важен за стекнување поплураност на екстермистите, покажува примерот со ултрадесничарската унгарска партија Јобик, која веќе две години учестувува во владата. „Партијата се етаблираше во медиумите со воведување на поимот за криминалот кај Ромите“, вели Арон Бузогани научник на високошколската институција во Спејер. Тој подвлекува дека Јобик се послужил со одбивности, кои одамна постоеле во унгарското општество.

Безпомошни медиуми

Werner Bauer - Tutzing

Вернер Бројер во Туцинг

Митски елемнти и нагласување на единството на нацијата: Ваквите обележја на Јобик во Унгарија можат да се најдат и кај другите популистички движења во Југоисточна Европа. Дека национално - етничките елементи стануваат се’ поважни забележува и Армина Омерика од универзитетот во Бохум преку новите тенденции на нео-фундаменталистичките муслимани во Босна и Херцеговина. Додека салафистичките актери досега секогаш проповедаа универзален ислам, во последно време се разија во важни носители на еничко-националните дискурси.

Исто така и медиумите честопати се безпомошни, кога станува збор за националистичка реторика - на пример во случај на десноекстремистичката грчка партија Златна Зора. „Медиумите не најдоа пат да излезат накрај со десноекстрмистичката Златна Зора“, се жали Елена Панајотис од НЦЦ „тие честопати се појавуваат во утринските и вечерните програми и се има впечаток, дека нивните претставници ги наведуваат водителите, а не обратно“.

Популистичките движења имаа една заедничка црта: „Идентитеска политика, во чиј центар стои народот, кој е опфатен како хомогена единка, запоседната со морални атрибути, кои најчесто се насочени против една корумпирана елита“, појаснува австрискиот политиколог Вернер Бреуер.