1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Расте напнатоста пред изборот на новиот папа

Последен собир пред Конклавата - кардиналите уште еднаш расправаат за состојбите во католичката црква. Денеска во преден план е профилот на идниот папа.

Денешната средба е последната во серијата советувања во Ватикан во текот на една недела. Од минатиот понеделник кардиналите разменуваа мислења околу реформа на Римската курија, финансиската ситуација на Светата столица и кризата во католичката црква во светски рамки. Притоа не беше одмината ни Ватиликс, аферата со украдени доверливи документи и интригите во Ватикан.

Виенскиот кардинал Кристоф Шенборн размената на мислења ја оцени како искрена и отворена: ретко доживеал толку „јасност, широкост, добра мисла и доверливост како последните денови“, изјави тој за австриската новинска агенција Катпрес. При дискусиите кардиналите не ги заобиколиле „знаците на надеж“, исто како и „грешките и потфрлувањата“.

Mögliche Papstnachfolger - Angelo Scola

Кардиналот Анџело Скола

Конклава: повлекување и изолирање

Утре попладнето (12.03.2013) 115-те кардинали по заедничката миса ќе се повлечат и изолираат во Сикстинската капела, почнувајќи го избоорт на новиот папа. Бенедикт Шеснаесетти, како прв папа во поново време, се повлече од должноста на 28 февруари оваа година. Првата рунда за избор на негов наследник се очекува да започне утре вечер.

Според прогнозите на италијанските медиуми, фаворит на Конклавата за избор на нов папа е миланскиот надбискуп кардинал Анџело Скола. Во првиот круг гласање утре се очекува тој да добие половина од потребните две третини, 77 гласови, пишува туринскиот весник „Ла стампа“.

Дали ќе биде Американец...

Големи шанси му се даваат и на надбискупот од Сан Паоло со германско потекло, Идило Шерер. Бразилскиот кардинал може да смета на гласовите од Латинска Америка, како и на согласноста од сразмерно големата европска фракција меѓу учесниците на конклавата.

Brasilien Erzbischof Odilo Pedro Scherer

Надбискупот Одило Педро Шерер

Покрај Скола и Шерер, италијанскиот печат еден ден претходно како изгледен кандидат за папа го спомена и канадскиот куријски кардинал Марк Олет. Во предвид доаѓаат и американските надбискупи од Њујорк и Бостон, Тимоти Долан и Шин О‘Мејли.

...или ќе победи неочекуван кандидат?

Доколку во првиот круг гласање не се добие јасно мнизинство, растат шансите и за избор на неочекуван кандидат, односно изненадување, прогнозираат италијанските медиуми. Во секој случај, утре вечерта во центарот на вниманието во светот ќе биде бојата на чадот од Сикстинската капела, дали ќе биде црн или бел, односно неуспешен или успешен избор. Од среда 115-те кардинали ќе гласаат двапати дневно, претпладне и поладне. По секој неуспешен круг ќе следува нова рунда изјаснување. Дури потоа гласачките ливчиња ќе бидат горени и испуштан црн чад. Тоа ќе се случува секојдневно околу 12 и 19 часот, соопшти портпаролот на Ватикан, Ломбарди. Ако изборот е успешен, гласачките ливчиња ќе бидат веднаш изгорени, а од Сикстинската капела ќе излезе бел чад.