1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Расте влијанието на Кина во Латинска Америка

Кина веќе продира во сите области во Латинска Америка -економија, култура, политика. Така Пекинг си обезбедува суровини, а регионот свеж капитал. Но, новите врски не носат само предности.

default

Претседателот на Никарагва Ортега и бизнисменот Ванг најавуваат изградба на канал во Никарагва

Латиноамериканците добиваат се‘ повеќе информаци за кинеските врвни политичари, дали преку шпанската страница на дневникот Пиплсдејли, близок на Комунистичката партија на Кина, или преку државната телевизија, Хина централ ТВ. Програма на шпански јазик на неа постои од 2007. година, а од 2011. година постои издание на Пиплсдејли на шпански. Ова е само еден од многуте примери за тоа како Кина го зголемува своето влијание во Латинска Америка. Кина во последните години отвори 32 културни институти Конфучие во цела Латинска Америка, соопштува кинеското министерство за надворешни работи. Сега дури и хотелите во овој регион се прилагодуваат на се‘ поголемиот број кинески туристи и на пример ги печатат менијатаво рестораните и на кинески јазик.

Односите стануваат се‘ поблиски и на политички план: од 2004. година Кина има статус на перманентен набљудувач во Организацијата на Американските држави, од 2008. година е членка на Американската банка за развој, а и посетите на латиноамериканските претседатели на Пекинг и обратно се се‘ почести.

Кина е важен увозник на суровини

Symbolbild Einfluss von China in Lateinamerika Flash-Galerie

Бразилскиот поранешен претседател Да Силва и кинескиот екс-претседател Ху Џинтао

Посебно забележливо е влијанието на Кина во економијата. Кина во меѓувреме е најважниот увозник на суровини како нафта, минерали и метали. Во рок од седум години, од 2000 до 2007. извозот од Латинска Америка во Кина е зголемен трипати. Трговскиот волумен расте, како и кинеските директни инвестиции, според информациите на Конференцијата на ОН за трговија и развој, од 621 милиони американски долари во 2001. година, на околу 44 милијарди долари во 2010. година.

Ангажманот на Кинезите се чини не познава граници: во Никарагва хонгконшко претпријатие доби концесија за изградба на канал кој ќе ги поврзува Пацификот и Карибите, мамутски проект вреден 30 милијарди евра. Во проектот како инвеститори учествуваат и други кинески фирми. Во Рио де Жанеиро на тендер се натпреваруваат три кинески државни фирми за нафтеното поле Либра.

Азија и Африка не се доволни

Стопанството на азискиот џин навистина моментно слабее, но во меѓународна споредба е и натаму силно. За тоа на Кина и‘ се потребни многу суровини, кои Пекинг веќе не може или не сака да ги зема од Азија и Африка. Кина се поставува поглобално, вели Ана Золиц, политиколог од Институтот Гига во Хамбург:

„Кина се обидува да ги диверзификува своите пазари и долгорочно да си обезбеди сигурни трговски партнери и извори на суровини“.

Латиноамериканците за возврат се надеваат на поголема независност од другите важни трговски партнери како САД и Европа. Економски, многу јужноамерикансски земји профитираат од новите односи. Затоа, на пример, останаа релативно непогодени од европската економска криза. НО, новите врски носат и ризици, вели Клаудија Деч од Фондацијата Фридрих Еберт во Буенос Аирес:

„Многу латиноамерикански држави веруваат дека ќе станат понезависни преку односите со Кина. Но, има и гласови кои предупредуваат од нова зависност“.

Недостигаат долгорочни инвестиции

Bildergalerie Yasuni Nationalpark Fluss Sacha Pipelines

Во Еквадор сепак ќе се експлоатира нафта, на притисок од Пекинг, критикуваат екологистите

Тоа го покажуваат и актуелните бројки, зашто кинескиот еконосмки развој во последните две години опаѓа. Аналогно, и Латинска Америка мораше поради намалениот извоз на суровини да ја коригира прогнозата на економскиот раст од 3,5 на 3 проценти. Комисијата на ОН за економија неодамна предупреди: „Латинска Америка мора да ја прошири производната структура и да ја зголеми својата продуктивност преку инвестиции“. Тоа би ја ослабило зависноста од висок извоз на суровини во Кина и во Европа.

Освен тоа, парите добиени од Кина не смеат да се вложуваат во краткорочни социјални мерки, туку во долгорочни проекти и инвестиции.