1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Расте бројот на жртви од пожарот во дискотека во Бразил

Во пoжар во дискотека во бразилскиот град Санта Мариа, според изјави на пожарникарите, загинале околу 245 луѓе. Стотици се повредени.

Пожарот избувнал во денешните рани утрински часови во дискотеката „Кис“ во градот Санта Мариа, во сојузната бразилска држава Рио Гранде де Сул. Спасувачките екипи се‘ уште ја пребаруваат зградата во потрага по жртви. Ситуацијата е хаотична и непрегледна. Спасувачките екипи сметаат дека бројот на жртвите може и да се зголемува - моментно се споменува бројката од 245.

Пред дискотеката „Кис“ е собрана толпа луѓе, главно оние кои претпоставуваат дека меѓу настраданите има нивни роднини. Телевизиските екипи кои се на местото на настанот зборуваат за вистинска трагедија.

Brasilien Santa Maria Brand Diskothek

Загрижени лица кај граѓаните

Причината за пожарот се‘ уште не е позната. Можно е огнот да е предизвикан од пиротехничко шоу на група на сцената. Огнот веројатно го зафатил материјалот за изолација на покривот, па се развиле отровни гасови. Потоа избила паника кај присутните, а дискотеката имала само еден излез. Таа инаку е предвиденада прими до 2.000 посетители, а колкумина биле таму синоќа не се знае. Се знае само дека тоа била студентска забава. Пожарникарите утрово се‘ уште извлекуваат тела на загинатите од дискотеката. За изведување на акцијата морал да биде пробиен отвор во ѕидот на зградата.

„Јас веќе 40 години работам како пожарникар, но трагедија од вакви размери се‘ уште не сум доживеал“, изјави еден од пожарникарите.

Повредените се сместени во околните болници.

Во 270 илјадниот град Санта Мариа се наоѓа еден од најголемите државни универзитети во земјата.