1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Расте бројот на жртви во земјотресот во Кина

Најмалку 80 лица загинаа во серијата земјотреси што ја погодија Југоисточна Кина, информираа владини извори. Претходната бројка на загинати во вчерашниот земјотрес беше 67 лица, а 731 лице е повредено.

Напорите да се спасат повеќе лица се попречени поради лошата инфраструктура во регионот погоден од земјотресот. Кинеската новинска агенција Ксинхуа јавува дека илјадници објекти се оштетени од земјотресот. Во планинскиот регион на границата меѓу провинциите Јунан и Гуиџу не функционираат ниту телекомуникациските врски. Поради тоа можно е информациите за жртвите да се непотполни и нивната бројка да расте. Земјотресот бил со магнитуда од 5,6 степени.

China Erdbeben

Штетата од земјотресот се проценува на 431 милион евра

Во провинцијата Јуан со земјотресот се погодени 740.000 лица, а штетата се проценува на 3,5 милијарди јуани или 431 милион евра.

Во соседната провинција Гуиџу со последиците од земјотресот се погодени 28.000 лица.

Премиерот Вен Џиабао ја посети зоната погодена со земјотресот. Телевизиските снимки покажаа распукани патишта, напуштени автомобили и чад како се издигнува од објектите во регионот.

Југоистокот од Кина е област која често е погодена од земјотреси. Во 2008-ма околу 87.600 лица загинаа во земјотресот со јачина од 7,8 степени.