1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Расте бројот на жртвите под урнатата зграда во Мумбаи

Бројот на загинатите при падот на една повеќекатница во индиската метропола Мумбаи порасна на 45. Спасувачите стравуваат дека под урнатините има уште жртви.

Во тек е трка со времето, зашто колку подолго луѓето се затрупани под плочите камен, челик и шутот, толку се помали шансите на спасувачите да извадат некој преживеан. Потврдена е смртта на најмалку 45 лица, откако петкатната станбена зграда вчераутро се урна во индиската финансиска престолнина Мумбаи.

Спасувачите досега извадиле 32 лица, затрупани под урнатините, изјавија властите. Надежите за преживеани се засилија вчера, откако мало девојче беше извадено живо од под урнатините, речиси 12 часа по почетокот на спасувачката акција во која учествуваат стотици работници со чекани, лопати и тешка механизација, но и со голи раце.

Ова е трет случај во последните шест месеци на уривање на згради во Мумбаи, како резултат на незаконско или наквалитетно градење. Во април загинаа 74 лица, а во јуни уште 10, од кои половината беа деца.