1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Расте бројот на жртвите од невремето во Бангладеш

*

Постојано расте бројот на жртвите од тропската бура „Сидр“ во Бангладеш. Последниот биланс е 2207 загинати. Хуманитарни организации и властите на земјата страхуваат дека бројот на жртвите уште ќе расте, бидејќи спасувачки екипи се’ уште ни немаат пристап до многу делови на земјата зафатени од бурата. Без покрив над главата останаа повеќе стотици илјади луѓе. Германското министерство за надворешни работи во меѓувреме ја зголеми помошта за настраданите на 500 илјади евра.