1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Расте бројот на жртвите во пожарите во Грција

*

Најмалку 41 лицe загина во пожарите кои беснеат во Грција. Властите стравуваат дека бројката може да се зголеми. Стотици луѓе се евакуирани од полуостровот Пелопонез кој е најпогоден. „Ова е национална трагедија“, изјави грчкиот премиер Костас Караманлис кој посети дел настраданите подрачја. Вети помош за побрзо надминување на последиците од огнената стихија. Атина побара и помош од ЕУ во гаснењето на огновите. Франција најави дека уште денеска ќе испрати неколку канадери. Според пожарникарите во Грција гори на 170 места.