1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Расте бројот на жртвите во Пакистан

*

Бројот на жртвите од терористичкиот напад во Пакистан се искачи на 130. Над 290 се повредени. Целта на нападот беше конвојот на поранешната премиерка Беназир Буто, која по осум години егзил вчера се врати во земјата. Полицијата соопшти дека Буто не е повредена во нападот. Се уште не се знае кој стои зад нападот, иако претходно имаше закани од екстремисти за атентат врз поранешната премиерка. Пакистанскиот претседател Первез Мушараф нападите ги оцени како „завера против демократијата“. Вети пронаоѓање на сторителите.